17. БУРЕ БАРУТ from ЗАД ШПИУНКАТА (2016) by ЗАД АГОЛОТ
Tracklist
| 17. | 17. БУРЕ БАРУТ | 3:23 | 
Lyrics
Веле КН:
Се наоѓаме во иста каша брат буквално сите!
Кој ни мислел добро, лошо и кој не користел!
Сме заедно во беља, висока на Рихтер!
Зошто кога треба слога, не немало нигде!
А народов ист е! Нема промена, само се лажеме,
зборовите се само зборови без значење,
кога се лошо кажани, па каде растеме!?
Во општеството наше каде мора да се занеме!
Тука значење има лошото повеќе од добро,
кога его и гордост има, за љубов нема простор!
Ретко кој останал човек и ти понудил помош,
па се држиме со тимот ко да сме последна можност!
Рефрен X2:
Растени во буре барут, 
па дојди расти со нас таму, без глас како во вакум!
Растени во буре барут, 
па дојди расти со нас таму, каде што лесно губиш разум!
Маро ДТ:
Југот е тест за поединци и за колектив,
југот е ударот по џебот дури земаш здив,
југот е омраза и каменот што стално тежи,
југот е немањето совест кога дете мртво лежи!
Па пробај врати му ја младоста на овој полис!
Пробај да прецрташ неправдини со графитот на молив!
Земи здив, во воздухот го осеќаш ли гневот?
Табиетот се гледа во оделата на дело!
Сирените се внатре во ова, ние сме внатре во оган,
стока на следниот стопан! И нема крај!
Звучи веќе видено во прошлост?
Вечно изгубена е последната можност!
Рефрен X2:
Растени во буре барут, 
па дојди расти со нас таму, без глас како во вакум!
Растени во буре барут, 
па дојди расти со нас таму, каде што лесно губиш разум!
Даре ДТ:
Собава ме потсеќа на ковчег Боже,
ѕидовите се се поблиску, стегаат сабајлево поише!
Клаустрофобичен може, избегнувам огледала божем,
ќе избегнам судир со себе можен!
Кешот ме враќа назад, ко духот на божиќна вечера,
така да куче скитник не бира коски знам!
Свати ме време, скупо се плаќа не ме,
тестирај денес, дур градов вене е спремен да земе!
Не мачи душевен плузирам темен,
социјален алцхајмер, па нема каде при крај сме,
а вие кај сте? Место сонот пак исполнивте плуќа.
"Изгаси го фиљанот!" Не можам, чадот ме гуши ќе пукнам!
Па тука, ова е моето кукавичко гнездо,
се осеќам ко Труман во него преморен често!
Градов заспива полека па се чека на смена,
и дали Скопје е стварно начин на кој ќе не снема!?
Рефрен X2:
Растени во буре барут, 
па дојди расти со нас таму, без глас како во вакум!
Растени во буре барут, 
па дојди расти со нас таму, каде што лесно губиш разум!








