🔗 ⚙️

16. ЧОВЕКОТ ПОД ТЕМЕН ОБЛАК from ЗАД ШПИУНКАТА (2016) by ЗАД АГОЛОТ

Tracklist
16.16. ЧОВЕКОТ ПОД ТЕМЕН ОБЛАК3:25
Lyrics

Бранко СВП:

Сфаќам дека не се сфаќам некад, па нека
и сфаќам дека некад не ме сфаќаш, трпеливо чекаш,
а јас излезот не го барам, јас го чекам,
денот кога сите ќе трчаме на пољаната света,
а некат сум премногу груб, па сум изваден од контекст,
а се што барам е контент што надразнува ум и совест!
Ова е мојот лик, рефлекс, мојот штит! Дали ме сваќаш,
дека ја потценив дури и моќта на оваа пратња!
А у фрка сум со себе и у фрка со парите, фрка со стварите,
што е поентата на моето битие уствари бе!?
Па порокот ми е излез, да се видам, да се чујам,
со другите гласови кои не оставаат да спијам, нонстоп зујат!
Не смеат другите да судат, што го прави лудакот лудак,
Светот? Причина друга? Секој има право на своја поента луда,
и прв пат се отварам вака на трака,
се надевам не е касно, сеа да ме сватат!

Рефрен X2:

Дали ќе сфатат коа ќе ме земат?
Дали ќе сфатам коа ќе ги неам кои вредат сеа?
Коа ќе сфатиш дека те сакам и живот би дал за тебе...
Коа ќе сфатам дека сеа е ова и нема друго време!

Дали ќе сфатат коа ќе ме земат?
Дали ќе сфатам коа ќе ги неам кои вредат сеа?
Коа ќе сфатиш дека те сакам и живот би дал за тебе...
Нема да сфатам никад, дека нема друго време...

А хуморот и егото е фасада на момчето внатре,
кое се плаши да излезе надвор, искрен и ранлив без план Б!
А духот е херој, кој храбро знае да падне во битка,
па тогаш викам: "Kој кур, дајте уште еден да свиткам!"
Чудна е психата во просторот на човекот под темен облак,
не бара излез, сака да остане сам во својте гомна!
Само и така, ако! Причината е субјектвина секад,
не постојат објективни фактори за своја судбина печат,
а ќе речат: "Благослов е да се спознаеш себе!",
но и клетва, темна секта, изгубен во простор и време!
Искушенијата ме носат до раб на пропаст,
да прокоцкам живот, да речам: "Ааа ете и ја пробав!"
A ова не е проба, е премиера!
Го барам пророкот да претскаже што небото следно спрема!
И не е првпат да се отворам вака на трака,
веќе е касно, нема никад да ме сфатат!

Рефрен X2:

Дали ќе сфатат коа ќе ме земат?
Дали ќе сфатам коа ќе ги неам кои вредат сеа?
Коа ќе сфатиш дека те сакам и живот би дал за тебе...
Коа ќе сфатам дека сеа е ова и нема друго време!

Дали ќе сфатат коа ќе ме земат?
Дали ќе сфатам коа ќе ги неам кои вредат сеа?
Коа ќе сфатиш дека те сакам и живот би дал за тебе...
Нема да сфатам никад, дека нема друго време...

Credits
from ЗАД ШПИУНКАТА (2016), released April 9, 2016
LicenseAll rights reserved.
Tags
Recommendations