🔗 ⚙️

13. ОРЕОВА КОРА from ЗАД ШПИУНКАТА (2016) by ЗАД АГОЛОТ

Tracklist
13.13. ОРЕОВА КОРА2:41
Lyrics

Павлe:

Ме создадоа проблемите во трња,
не се топам, едноставно дождовите нека врнат!
ме создадоа да трпам, а не топам,
дур на рацете ја држев очите да и се склопат..
Ме создаде да создавам,
а не за се што видов во живот на Господ да му се одмаздам!
Вие сте смисла да живееме,
Зад Аголот да биде едно, судбините дур ги пееме!
Создадена е фамилијата,
да биде ореова кора и ја чува хармонијата!
Ме создадоа без суета и лаги,
да се оформам ко човек, не прашувај што ме гради,
ниту како го издржувам,
процесот на ѓаволот, што стабилен да бидам ме обврзува!
Ме создале Зоран и Светлана,
да ви напишам, испеам и своето да го бранам!

Рефрен:

Дај ми ги сите проблеми,
Дај ми ги сите дождови на светот да ги исушам!
Дај ми ги сите проблеми.
Дај ми ја цела тежина на грбот да ја ислушам!
Дај ми ги сите проблеми.
Дај ми ги сите зборови на листот да ги испишам!
На ти ги сите мои песни и сите мои грешки.. И сите мои песни...

Даре ДТ:

Барајќи фокус, медитирам ја среде хаос,
темен облак ме следи ко верен маалски пес до крајот!
Не сум светец, талкам низ друмот стрмен на мојот мозок,
за да најдам баланс, треба попрво да најдам простор!
Син на Ленка, тутуноберачи - моите луѓе!
Стрес во текст напунет, да видиме боље утре!
Си мојот човек, твојот проблем е и мојот проблем!
Сум твојот човек, мојот проблем е и твојот проблем!
Не ја чепкај фамилијата моја,
моите браќа, љубов, мајка и мојата борба!
Ова за мене никогаш не беше шега,
се смеев, а немав, спремен ја чекам шансата сега!
Зошто? Станувам поспор, денот не станува подолг,
нема вторпат за нас, младоста ми мафта зад грбот.
Дај ми ги сите маки и цела сиромаштија на светот,
знам од каде доаѓам и каде тргнав во него!

Рефрен:

Дај ми ги сите проблеми,
Дај ми ги сите дождови на светот да ги исушам!
Дај ми ги сите проблеми.
Дај ми ја цела тежина на грбот да ја ислушам!
Дај ми ги сите проблеми.
Дај ми ги сите зборови на листот да ги испишам!
На ти ги сите мои песни и сите мои грешки.. И сите мои песни...

Credits
from ЗАД ШПИУНКАТА (2016), released April 9, 2016
LicenseAll rights reserved.
Tags
Recommendations