🔗 ⚙️

06. ЛУЃЕТО ВО ОДЕЛА from ЗАД ШПИУНКАТА (2016) by ЗАД АГОЛОТ

Tracklist
6.06. ЛУЃЕТО ВО ОДЕЛА3:18
Lyrics

Аце KН:

Делат на секакви нешта,
идеологија, нација, раса, партија верба,
па дали би ме прифатул отворено кога би кажал, да..
Идеме вака...

Во свет створен за единство, нè делат на секакви нешта,
идеологија, нација, раса, партија, верба,
па дали би ме прифатил отворено кога би кажал,
дека сум со сите, за да не ме одделат од моите браќа...
А мои браќа се сите, а некои не се со сите,
но ќе ми простат дека човекот ист е,
секој може да се изгуби во матрицата
моралните вредности ставени доле на листата!
Глобалната уста си голта индивидуи,
плука истомисленици, топовско месо, пиуни!
Најлесно е кон нив да ја вперам вината,
но секад се ставам во туѓа кожа, пред да им пристам!
Дека не е лесно...
да имаш почит за туѓото мислење, во ова купено општество!
Но кој и да го купил нивното мислење,
го купил и твоето, дека сака да се убиеме!

Рефрен x 2:

Луѓето во одела,
тие прават злодела!
Се трудат да нè поделат,
единството не ќе го одземат!

Марко СВП:

Нè осиромашија плански, убија живот маалски,
за да се оддалечиме, да нè држат под ланци,
тие спремни со панцир, ние живот на рати,
умри за партијата, народот нека пати!
Доволно сум свесен, ама таков не им требам,
другарот мој е ликот, кој е мојот личен џелат,
па прават плански сè што треба за да нè оддродат,
оправдана е смртта за да шефот стане побогат!
Говорат, дека се за народот пари, парафразирам лажат!
народот им служи да ги финансира!
Со наши пари брат купуваат и солзавец,
го фрлаат тебе ако кажеш "Имам помалце!"!
До кога бе? Никогаш нема да се свестат,
ако самите не станеме во одбрана на честа,
веста е дека збеснавме, отсликано во песна е,
лудилово што трае и мора еднаш да престане!

Рефрен x 4:

Луѓето во одела,
тие прават злодела!
Се трудат да нè поделат,
единството не ќе го одземат!

Credits
from ЗАД ШПИУНКАТА (2016), released April 9, 2016
LicenseAll rights reserved.
Tags
Recommendations