1991 from 1991 by OMOVVSKY
Tracklist
| 1. | 1991 | 1:55 |
Lyrics
Дали да го веам знамето на републиката,
која ми донесе само гнев и сиромаштија
билетот за иднина тие веднаш го поништија
џабе дипломата кога не си во партија.
На улиците гледам сега шарен активизам
демократија е друг збор за дебилизам
да си партиот е степен на примитивизам
но сите се горди на својот шовинизам.
Сите сме полудени ваљда сме на метанол,
тука има сепса дајте ми стрептазол
зависни од пара како да е тромадол
Тука се е среќно веруваат во фол.
Свињите во сино имаат двојни аршини
едните ги тепаат а со други се пријатели
за нас тие претставуваат непријатели
па фрлете цвеќињата драги слушатели.
Овде е нешто труло,овде се е лудило
дали е јаве или сум во бунило.
дете на улица од лепак изгубено
системски избришано општествено отфрлено,
Слободата на говор тука е непотребна
бројка место име на гробот е изрезбана
помислата „Независен“ тука е погубна
климата за неуспех овде е најподобна
тука се е сиво и се е контолирано
на правецот за успех пишува блокирано
на транспарентот пишав јас со болдирано
„БАРАМ САМО ЖИВОТ“ но се е изгубено.








